Патот Приштина-Скопје се пушта во сообраќај за пет дена
Најдоцна за пет дена, односно пред 1. јуни, ќе биде пуштен во сообраќај патот Приштина-Скопје, на потегот Качаник-Генерал Јанковиќ, а набргу потоа ќе се отвори уште една делница на автопатот „Арбен Џафери“, која ќе ја поврзува Приштина со граничниот премин Блаце на границата со Македонија, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Заменик министерот за инфраструктура на Косово Реџеп Кадриу, во интервју за телевизијата КТВ, изјави дека на реконструкцијата на магистралниот пат Качаник-Генерал Јанковиќ се работи интензивно во две смени, додека многу бргу се очекува и пуштање во сообраќај на делницата Урошевац-Качаник од автопатот „Арбен Џафери“.
- Во јуни ќе го отвориме автопатот до Качаник, но не можам да ви кажам дали тоа ќе биде на 1. јуни, бидејќи датумот треба да го одредиме заедно со премиерот (Рамуш) Харадинај, изјави Кадриу.
Тој додаде дека работите на изградбата на автопатот до границата со Македонија ќе завршат пред крајот на годинава.
Магистралниот пат меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ беше затворен на 8. мај, со цел да се расчистат местата на кои често има одрони.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци