Патот Приштина-Скопје ќе биде пуштен во сообраќај за пет дена
Најдоцна за пет дена, односно пред 1 јуни, ќе биде пуштен во сообраќај патот Приштина-Скопје, на потегот Качаник-Генерал Јанковиќ, а набргу потоа ќе биде отворана уште една делница на автопатот „Арбен Џафери“, која ќе ја поврзува Приштина со граничниот премин Блаце на границата со Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот заменик-министер за инфраструктура Реџеп Кадриу, во интервју за телевизијата КТВ, изјави дека на реконструкцијата на магистралниот пат Качаник-Генерал Јанковиќ се работи интензивно во две смени, додека многу бргу се очекува и пуштање во сообраќај на делницата Урошевац-Качаник од автопатот „Арбен Џафери“.
- Во јуни ќе го отвориме автопатот до Качаник, но не можам да ви кажам да ли тоа ќе биде на 1 јуни,, бидејќи датумот треба да го одредиме заедно со премиерот (Рамуш) Харадинај, изјави Кадриу.
Тој додаде дека работите на изградбата на автопатот до границата со Македонија ќе завршат пред крајот на годинава.
Магистралниот пат меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ беше затворен на 8 мај, со цел да се расчистат местата на кои често има одрони.
Ново на Сител
-
Јанта Волеј нов македонски одбојкарски шампион
-
Вашингтон пост: Администрацијата на Трамп планира намалувања во ЦИА и други разузнавачки агенции,
-
Воена парада во Вашингтон за годишнината на американската војска и 79-от роденден на Трамп
-
Поради здравствени проблеми Вучиќ ја прекина посетата на САД и се враќа во Белград
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Тетово - Гостивар
-
Фенербахче сака да го купи Душан Влаховиќ
-
Костадиновски: Потребен е Закон за Уставен суд за зголемена транспарентност и поголема доверба кај граѓаните
-
Перез се враќа во Формула 1