Патниот правец Ќафасан - Елбасан денеска повторно отворен за сообраќај за сите видови возила

По 11 дена блокада патниот правец Ќафасан - Елбасан, делница Либражд - Прењас, е отворен за сообраќај за сите видови возила.
Преку објава на социјалните мрежи, Агенцијата за патишта наведува дека и тешките товарни возила ќе можат да се движат по овој патен правец, но само оние до 8,2 тона носивост.
- Сообраќајот ќе се одвива преку привремено пренасочена траса изградена веднаш до претходната постоечка, до целосна реализација на алтернативната траса, веќе објавена, на коритото на реката Шкумбин и интегрирана со железничката пруга, стои во објавата.
Се додава дека патот ќе функционира со сигнализација на градилиштето и, привремено, ќе биде неасфалтиран додека не се стабилизираат слоевите, по што ќе се изврши конечното асфалтирање.
- Барајќи разбирање од сите учесници во сообраќајот и жителите на подрачјето, ги повикуваме да ја почитуваат сигнализацијата и упатствата на сообраќајната полиција, за да се гарантира безбеден сообраќај за сите, апелираат од агенцијата.
Поради големо свлечиште и оштетувања на споменатата делница од патот, кој е дел од Коридорот VIII, во договор меѓу албанските и македонските институции товарните возила овие денови минуваа преку граничниот премин "Блато" кај Дебар.
МИА
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
