Патник снимил страшна глетка при лет од која ќе се исплашат оние кои се плашат од авиони

Еден корисник на Имигур објавил снимка која ќе ги преплаши сите оние кои се плашат од авиони.
Имено, рамката од прозорот до кој седел во текот на летот бил толку многу лабав што можел со рака да го одвои од авионот. „Треба ли да бидам загрижен или ...?“ напишал во описот на снимката, која загрижи многумина.
Но, пилотот Патрик Смит за Дејли Меил објаснил дека не станува збор за нешто опасно. - Тоа е само површински слој кој што го штити ветробранското стакло. Признавам дека изгледа неудобно и непрофесионално, но не претставува сигурносен ризик, открива пилотот.
- Тоа сигурно не е сигурносен проблем, тоа е едноставно е лабаво парче од кабината. Внатрешниот прозор е тука да го заштити главното стакло од гребнатини и да ја намали бучавата, а служи како топлински изолатор. Надворешниот прозор е фиксиран на трупот и запечатен со заптивки така што внатрешноста не може да биде под притисок, така што на овој лабав дел не може да има влијание, освен што изглед неуредно, се сложил и Анд ДАи Витигам, директорот на одборот за сигурност на летовите во Велика Британија.
Ново на Сител
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
