Патник го снимил падот на авион во кој загинале пилотите

Патничкиот авион „Ан-24“ на авиокомпанија „Ангара“ принудно слета на аеродромот во Нижнеангарск во Бурџатија, при што и двајцата пилоти загинаа, меѓутоа сите патници беа спасени.
Според медиумите, сите 42 патници и едно дете биле извадени од остатоците од авионот, а 19 биле пренесени во болница поради добиени телесни повреди.
Авионот летал од аеродромот во Нижнеангарск за Улан-Уд, но набргу по полетувањето, му откажал еден мотор, што ги навело пилотите да одлучат да се вратат.
Според првичните информации, авионот при слетувањето излетал од пистата на 100 метри, удрил во фабриката за прочистување на водата и се запалил.
На социјалните мрежи се појави видео кое наводно е снимено од патник во авионот, кој се излизга од пистата и се запали откако удри во зграда. Снимката го прикажува целото принудно слетување заедно со моментот на удар.
Ново на Сител
-

Кошаркарките на Крива Паланка на чекор до прва шампионска титула
-

Ф1: Трета последователна победа на Антонели
-

Со победата над Парма, Интер стигна до нова титула во Серија А
-

Мерц вели дека царините за автомобили на Трамп се насочени кон Европа, а не само кон Германија
-

Четириесет и шест години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Сто дваесет и три години од загинувањето на Гоце Делчев
-

Амбасадорот Сулстром неделава ќе ги посети поголемите градови низ Македонија
-

Зеленски зацрта три основни приоритети пред денешниот самит на Европската политичка заедница во Ереван
