-->
-->
Патници запреле трамвај во движење во Бон, откако возачот ја загубил свеста
-->
Патници успеале да го запрат движењето на еден трамвај во германскиот град Бон откако на возачот му се слошило и тој ја загубил свеста, пренесоа локалните германски медиуми.
Двајца мажи ја искршиле вратата од кабината на возачот на трамвајот откако забележале дека трамвајот не застанал на неколку станици, навеле медиумите и додадел дека инцидентот се случил во ноќта меѓу саботата и неделата.
Патниците безуспешно се обидувале да го активираат системот за итно запирање на возилото и на помош ја повикале и полицијата.
Возачот ја загубил свеста, а патниците успеале да го запрат трамвајот со помош на телефонски инструкции од операторот на јавниот превоз.
Градските власти на Бон подоцна ја пофалиле реакцијата на патниците наведувајќи дека направиле „окму тоа што требало да се направи во опасна систуација“.
Возачот на трамвајот биле пренесен во болница, но набрзо бил пуштен на домашно лекување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам
-
Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана
-
49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава