Македонија
16. July 2024 - 16:47

Патници колабираат во автобусите на ЈСП, утрово повторно интервенирала брзата помош

На носилка изнесен патник од автобус на ЈСП. Му се слошило од жешкото и колабирал. Со возило на итната помош бил пренесен во градската болница. Лицето било со хронични заболувања велат лекарите. Но ова не е прв случај, пред неколку дена колабираше патник во автобус кој сообраќал во скопска Автокоманда и тогаш беше повикана брза помош. Граѓаните подолго време реагираат дека јавниот превоз  доцни  по половина час и повеќе а во автобусите не се вклучени клима уредите.  Директорот одговарајќи на советнички прашања во Град Скопје, вели дека во 27 автобуси не работат климите сите ќе бидат сервисирани. Тврди дека имаат недостиг на автобуси и дека не можат да постигнат да ги опслужат граѓаните.

30 интервенции само за половина ден имале лекарите на итната медицинска помош. Високите температури сериозно влијаат на здравјето особено кај хронично болните .

Волонтери на црвениот крст се вклучија во акција и делеа вода низ главниот град, мереа крвен притисок и ги советуваа граѓаните како да се справат со екстремно високите температури.