Патничкиот железнички сообраќај кон Велес се одвива со автобус и воз поради одронот

Македонски железници Транспорт денеска соопшти дека патничкиот железнички сообраќај кон Велес поради одронот на пругата се одвива комбинирано односно со автобус и воз.
- Се известуваат патниците дека железничкиот патнички сообраќај се одвива по редовниот возен ред на релација Скопје-Гевгелија-Скопје. За возовите бр. 611 и бр. 634 сообраќајот ќе се одвива по редовен возен ред, патниците ќе бидат превезени со автобус од Градско-Велес, Велес-Градско, а потоа ќе се префрлат во воз. Сообраќањето на меѓународните возови бр. 334 и бр. 335 ќе се одвива по редовниот возен ред, патниците ќе бидат превезени со автобус Скопје-Градско-Скопје, а потоа ќе се префрлат во воз, се вели во соопштението од МЖ Транспорт.
Поради поголем одрон на пругата меѓу станиците Велес и Згрополци од вчера железничкиот сообраќај на оваа реалција е во прекин.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
