Македонија
9. December 2015 - 12:23

Патничкиот и авиосообраќајот нормализирани

Патничкиот и авиосообраќајот во државата се нормализираат по маглата која предизвика намалена видливост на патиштата и беа откажани и одложени дел од летовите. 

На скопскиот аеродром „Александар Велики“, според податоците објавени на нивната веб страница, сообраќајот се одвива нормално и се реализираат сите полетувања и слетувања.  

На патиштата низ државата сообраќајот се одвива без забрани по наместа влажни коловози. Намалена видливост до 20 метри поради појава на магла има во околината на Гостивар, а кај Ресен, Ѓавато и Кула видливоста е од 50 до 60 метри.