-->
-->
Патнички воз удрил во автомобил, има повредени
-->
Две лица се повредени во сообраќајката во која патнички воз удрил во автомобил „Голф“ на отворената пруга пред стојалиштето Орешани.
Како што соопшти МВР вчера во 7:20 часот на делот од пругата помеѓу Ново Зелениково и Орешани, се случила железничка незгода во која патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје удрил во автомобил „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки во кое имало две непознати лица.
Двете лица од ударот се здобиле со телесни повреди и со екипа на Итна медицинска помош биле пренесени во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. За време на увидот железничкиот сообраќај од 7:20 до 10 часот бил во прекин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места
-
Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите
-
Македонец и двајца Срби мачени, убиени и спакувани во црни кеси во Боливија
-
69 лица повредени по жестоките судири на демонстрантите во Србија
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода