Патнички хаос за илјадници луѓе поради штрајкот на пилотите на Луфтханза
Германската авиокомпанија Луфтханза ги откажа скоро сите свои закажани летови за денеска поради штрајк на нејзините пилоти.
Со штрајкот се погодени околу 130.000 патници на повеќе од 800 летови од центрите на авиокомпанијата во Франкфурт и Минхен. Од патниците е побарано да не патуваат до аеродромот, туку да се префрлат на воз или да ги пререзервираат летовите на некој друг ден.
Партнерите на Луфтханза како што се Свис, Аустриан, Брисел и Еуровингс не се погодени од штрајкот и ќе работат според планираното, соопшти компанијата.
Ќе има и летови на Луфтханза кои поаѓаат надвор од Германија, под услов авионот и екипажот да се веќе во странство.
Пилотите на Луфтханза ќе штрајкуваат откако не успеаја да постигнат договор за платите со раководството, соопшти нивниот синдикат.
Синдикатот, Vereinigung Cockpit (VC), соопшти дека преговорите за плата се прекинати. VC за повеќе од 5.000 пилоти бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година, а потоа раст усогласен со инфлацијата.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори