Патнички хаос за илјадници луѓе поради штрајкот на пилотите на Луфтханза
Германската авиокомпанија Луфтханза ги откажа скоро сите свои закажани летови за денеска поради штрајк на нејзините пилоти.
Со штрајкот се погодени околу 130.000 патници на повеќе од 800 летови од центрите на авиокомпанијата во Франкфурт и Минхен. Од патниците е побарано да не патуваат до аеродромот, туку да се префрлат на воз или да ги пререзервираат летовите на некој друг ден.
Партнерите на Луфтханза како што се Свис, Аустриан, Брисел и Еуровингс не се погодени од штрајкот и ќе работат според планираното, соопшти компанијата.
Ќе има и летови на Луфтханза кои поаѓаат надвор од Германија, под услов авионот и екипажот да се веќе во странство.
Пилотите на Луфтханза ќе штрајкуваат откако не успеаја да постигнат договор за платите со раководството, соопшти нивниот синдикат.
Синдикатот, Vereinigung Cockpit (VC), соопшти дека преговорите за плата се прекинати. VC за повеќе од 5.000 пилоти бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година, а потоа раст усогласен со инфлацијата.
Ново на Сител
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија
-
Анчелоти: Во моментов не ми се зборува за фудбал
-
Малолетникот осомничен за терористички напад во Босанска Крупа се брани со молчење
-
Директорот на БЈБ на Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка
-
Напад со секира во француски воз: Четворица повредени, двајца во тешка состојба