Патијарх Неофит: Решението за МПЦ е сложено и треба добро да се осмисли
Решението за Македонската православна црква (МПЦ-ОА) се бара толку многу години, па затоа е сложено и треба многу добро да се осмисли, изјави денеска бугарскиот патријарх Неофит во одговор на новинарско прашање за тоа зошто толку долго се бара решение за МПЦ.
Неговата светост забележува дека ова прашање треба многу добро да се осмисли, а решението да се донесе со мнозинство и сите православни цркви да имаат јасна претстава за прашањето за автокефалноста, што не беше разгледувано на минатиот Сеправославен собор на Крит.
На прашањето дали БПЦ ќе ја има силата да ја заштити МПЦ пред останатите православни патријаршии и дали ќе ја прифати "подадената рака од МПЦ“ бугарскиот патријарх одговори дека тоа е најмалку што може да се направи, „затоа што тие се наши браќа и наш народ, и ќе се стремиме да го зачуваме неговото единство“.
Светиот синод на БПЦ денеска треба да го разгледува писмото што на 9 ноември му го упати Синодот на МПЦ-ОА, а во кое се бара признавање на афтокефалноста на македонската црква и евхаристиско единство со бугарската црква.
Според најавите на бугарските владици, не се очекува брз одговор на БПЦ, туку ќе биде формирана комисија која ќе треба да ги информира останатите православни цркви и да го слушне нивното мислење за барањето на МПЦ-ОА.с
Ново на Сител
-
Од 16 алкотестирани 7 лица управувале пловен објект под дејство на алкохол во Охрид
-
Грција: Девојка се онесвестила откако ја запросиле, лекарите констатирале мозочно крварење
-
Две жени се степале на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот
-
Пронајдено изгорено тело по пожарот во Ѓорче
-
17-годишен битолчанец со автомобил удрил велосипедист и тешко го повредил
-
Гаши вети: Оваа година без молење во Собранието на седницата за Сребреница
-
Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво
-
Купиле амфетамин во Скопје за да го продадат во Кавадарци