Патеките и летниковците на велешко езеро „Младост“ од годинава секојдневно ќе се одржуваат

Согласно новата програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес за 2020 година, што вчера ја усвои Советот на 51. седница, годинава наместо како досега три пати неделно, патеките и летниковците кај велешко езеро „Младост“ ќе се чистат секојдневно од страна на ЈКП „Дервен“. За првпат таму ќе биде поставен вработен кој ќе ги одржува во текот на целиот работен ден, а во саботите по пет часа.
Како што информира за МИА, Ненад Коциќ, претседател на Советот на Општина Велес, целта е да се придонесе кон поголема хигиена на патеките и летниковците, кои се најмногу посетени, а посебно за време на викендите.
– Воедно целта е да ја подобриме и хигиената покрај велешкото езеро, бидејќи таму во тек е изградбата на проектот „Смарт езеро Младост“ со повеќе атрактивни елементи, со кој сакаме да привлечеме што повеќе туристи од земјава и странство, потенцира Коциќ.
Тој најави дека во таа насока Општина Велес годинава ќе постави и нови корпи за отпадоци и нови контејнери на нови локации кај езерото „Младост“.
Од Општината и ЈКП „Дервен“ апелираат до граѓаните, посетители на езерото „Младост“, да ја разбудат својата заспана еколошка свест и отпадот да не го фрлаат насекаде по патеките и да не ја уништуваат животната средина, туку во корпите поставени за таа намена.
Воедно апелираат до некои од посетителите да го сменат хулиганското однесување и да не ги кршат и оштетуваат летниковците и другата урбана опрема покрај езерото, што досега за жал се случи во неколку наврати.
Ново на Сител
-

Утрото ведро и студено, а преку ден сончево и топло
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
