Македонија
18. January 2022 - 21:18

Пат кон вистинско решение или уште една надеж во празно, што донесе посетата на Кирил Петков?

Отворениот пристап и подготвеноста за дијалог на бугарскиот премиер Петков по денешната официјална посета на Скопје е само обид бугарската страна да го намали меѓународниот притисок за брзо решавање на отворените прашања со Македонија.

Почеток на преговори во јуни не се дел од прогнозите на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и познавач на односите меѓу двете држави.

И политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека се уште е многу рано да се направи проценка за ефектот од првата средба на Петков.

Арсовски сепак, смета дека повеќе средбите меѓу двете страни е многу подобро за дијалогот отколку нив да ги нема.