-->
-->
Пасквер: ФФМ е на вистинскиот правец
-->

Во х. Александар Палас се одржува Годишното собрание на ФФМ на кое присуствуваат и претставници на ФИФА и УЕФА.
Високиот претставник на ФИФА, Ева Пасквер пренесе поздрави од новиот претседател Џани Инфантино и во својот говор рече дека иако постојат дилеми за правците на развој на фудбалот, во Македонија тоа не е случај бидејќи проектите и реорганизацијата на федерацијата покажуваат дека ФФМ е на вистинскиот правец. Стабилност, нормално функционирање, инвестиција во инфраструктура и развој на млади фудбалери е нешто што мора да се пофали . За развојот на мак-фудбалот се важни изградените 10 вештачки терени, проектите за четири стадиони, грижа за фудбалските натпреварувања, за куќата на фудбалот. Скопје, Македонија и ФФМ се позитивен пример за фудбалската експанзија. Најдобар доказ е Суперкупот на Европа во 2017 година. Победниците во ЛШ и ЛЕ и многу поддржувачи ќе бидат ваши гости и ќе уживаат следната година.
Претставникот на УЕФА Зоран Лаковиќ рече дека работата на една федерација не треба да се оценува преку резултатите на А-репрезентацијата туку преку развојот на инфраструктурата , инвестирањето во младите категории исл.
Претставниците на ФИФА и УЕФА повикаа на вклучување на сите делегати на ФФМ да се вклучат во развојот на фудбалот без политика како порака од претседателот на ФИФА.
ФОТО: Спортмедиа.мк
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
