Партиските преставници на средба во резиденцијата на ЕУ

Претставници на четирите партии потписници на Договорот од Пржино денеска во резиденцијата на ЕУ во Скопје одржуваат нова средба во обид да се надминат несогласувањата што го попречуваат решавањето на политичката криза.
На средбата присуствуваат Никола Тодоров од ВМРО - ДПМНЕ, Рената Дескоска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, како и амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли.
Разговорите се одржуваат по вчерашната посета на германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл на Македонија.
Евроамбасадорот Орав вчера по средбата со Хајндл ја најави денешната меѓупартиска средба и изрази надеж дека ќе биде постигнат напредок за брзо завршување на кризата.
- Нашата улога е да ги собереме сите партии заедно и да им помогнеме да го унапредат процесот. Меѓународната заедница има блиски консултации тука и очекуваме дека политичката криза наскоро ќе биде завршена, рече Орав.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
