Партискиот уредник на МТВ го избламира јавниот сервис- Јанева целосно се изрезили
Иако СДСМ ветуваше професионализација на МРТВ со инсталирањето на својот партиски уредник, денешното интервју со Катица Јанева беше вистински пример за тоа како изгледа новинарството замислено од опозицијата. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вечерва имаше скандалозно свое интервју во Дневникот на јавниот сервис. Меѓу новинарите има единствен став, денешното интервју на Катица Јанева станува уште една црна дамка и вистински удар врз професионалните стандарди.
Таа целосно се посрамоти со своето однесување додека одговараше на прашањата кои веќе ги држеше во рака и кои ги добила уште долго пред да се снима интервјуто. Катица Јанева очигледно немаше капацитет ниту да ги научи на памет прашањата кои самата си ги нарача да и бидат поставени од МТВ. За сето тоа да не изгледа толку скандалозно, како што впрочем и изгледаше, монтажерите во јавниот сервис се „потрудиле“ и секогаш кога Катица Јанева ќе ги ставеше очилата, тие вметнуваа инсерти, тотално неповрзани со разговорот за колку толку да може да биде прикажана како елоквентна.
Дури и во ваква ситуација, Јанева не ги знаеше одговорите на прашањата иако и нив ги имаше напишано на листови хартија пред себе. Се обиде да ги чита, но и тоа тешко и одеше од рака. Содржински, онака како што се очекуваше. Катица Јанева не кажа буквално ништо. Ниту збор за тоа каде отидоа милион евра за шест месеци, зошто Верушевски доби слобода, а Талевски притвор и уште серија други прашања.
Јанева целосно се посрамоти пред македонската јавност од чии џебови зема мегаломански месечни примања веќе цела година. Меѓу новинарите има единствен став. Денешното интервју на Катица Јанева станува уште една црна дамка и вистински удар врз професионалните стандарди.
Откако СДСМ ја постави Санта Аргирова како свој партиски кадар за уредник во МТВ, јавниот сервис вечерва доживеа голема бламажа. Иако сопартијката на Заев изгледа се потрудила навреме да и ги даде прашањата на Јанева, интервјуто стана голем блам. Истото стана мета на потсмев на социјалните мрежи, па граѓаните со право поставуваат низа прашања во врска со капацитетот на специјалната јавна обвинителка.
Ново на Сител
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница