Македонија
5. July 2022 - 17:06

Партиска работна група ќе договараат забелешки, предлогот во четврток на Собраниска седница

За опозицијата средба на работни групи, за власта редовна координација на која што на пратениците ќе им бидат објаснети заклучоците кои ќе бидат усвоени од Собранието за прифаќањето на францускиот предлог.

„ Утре е договорена средба на координаторите на пратеничките групи и други претставници на парламентарните партии на којшто на дневен ред е дискусија во однос на заклучоците коишто треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието. Овие разговори не поврзани со содржината на преговарачката рамка.

Потсетуваме, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна јавно одбија учество во работните групи иако им беше понудено – брифираат од СДСМ.

Од опозицијата пак велат дека ќе се формираат работни групи со по двајца претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од малите партии. Наспроти тврдењето на власта, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе се работи на забалешки на преговарачката рамка во насока на позициите на Мицкоски изнесени на средбата на Ковачевски. Додаваат дека нема да бидат декор во она што власта го нарекува широки консултации.

Владата да ги прифати дипломатскиот пораз и да се повлече од францускиот предлог, порачаа денеска од Социјалистичката партија.

„Преку огромното присуство на народот, граѓаните, интелектуалците, експертите, општествено угледни личности и експертската јавност гласно укажаа дека предлогот со кој би отпочнале преговорите е штетен за Македонија и македонските национални и државни интереси.

Социјалистичката партија на Македонија не ги прифаќа бугарските ултимативните барања.“ – велат социјалистите.

Според последните информации собраниската седница на која ќе биде прифатен францускиот предлог ќе се одржи во четврток.