Македонија
22. March 2019 - 17:04

Партиите со старите позиции влегоа во нови преговори за СЈО

Власта и опозицијата не постигнаа договор за иднината на СЈО. Втората средба заврши брзо и со не успех а неизвесно е дали ќе има повторно преговори во министерството за Правда.

Ниту една од страните не отстапува од своите позиции.

ВМРО ДПМНЕ нема  да прифати закон во кој не се инкорпорирани нивните барања  а се согласно меѓународните закони и принципи бидејќи за предлог текстот и воопшто не биле вклучени. Тие обвинија дека кај власта нема политичка волја да се постигне договор.

„Ваквиот битен предлог закон за кој владата тврди дека е клучен за добивање датум истата влада не нашла за сходно да го подготви во декември и дааде повеќе простор за забелешки .Држен е намерно до сега за да користи како изговор за евентуално не добивање датум. - Не помага за подобар квалиутет за јавното обвинителство – ние би сакале прво да слушнеме дека ги прифаќа принципити и начелата и оние кои се устанвени како судска пракса и тогаш веднаш сме спремни да помогнеме оние други барања да ги инкорпорира во законот“, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката Дескоска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ не се интересираат за законот туку за  амнестија на обвинетите од нивната партија. Најави преговори и со останатите политички партии за да обезбедат дво треетинско мнозинство и не ја исклучи можноста во олеснување на процесот да се вклучи и меѓународниот фактор.

-Нашата анализа вели дека сите документи кои се однесуваат на СЈО се имплементиран дел во законот за кривична постапка, дел во кодексот на јавни обвинители, изјави министерката Рената Дескоска.

ДУИ бара опозицијата да достави амандмани и да почне расправата во Собранието каде веќе се наоѓа предлог законот за  јавното обвинителство заедно со барањето тој да биде донесен во скратена постапка. .

-Затоа велиме да предложат каков текст тие прифаќаат . сите што се залагаат за владеење на законот треба да го поддржат законот. Да услогласиме ставови – сите заедно треба да го усвоите . и во собранието ќе се види кој поддржива процес на владеење на правото, изјави Артан Груби од ДУИ.

Власта и опозицијата се разидуваат околу статусот и персоналниот состав на СЈО како и  користењето на бомбите во истрагите почнати по завршувањето на законскиот рок во кој ова обвнителство можеше да поднесува обвиненија.