Македонија
5. December 2019 - 16:37

Партиите и натаму различно го толкуваат членот 11, опозицијата бара да нема амнестија за политичари

Власта и опозицијата различно толкуваат што за Уставниот суд ќе значи заклучокот на собраниската комисија дека не е потребно автентично толкување на членот 11 од законот за помилување .

Од власта тврдат дека иако нема автентично толкување одлуката упатува на тоа дека членот 11 не постои од 2009 година со што шефот на државата не може да дава помилувања надвор од процедурата.

Според нив, тоа треба да биде земено пред вид и од Уставниот суд кога ќе одлучува дали е уставно и можно повлекувањето на помилувањата. Но дури и да не биде земено пред вид, од СДСМ тврдат дека помилувањата на претходниот претседател Ѓорѓе Иванов од 2016 година за предметите од СЈО, нема да важат.

, Ако Уставен го укине или поништи 11а, тоа нема да има влијание на помилувањата, бидејќи вчера собранието потврди дека тие се невалидни, односно дадени на непостоечки член, и се ништовни од моментот на давање , дообјаснуваат од министерството за правда.

Иако формално не најавуваат, од власта веќе ја отвораат темата и за кривична одговорност на Иванов за евентуланото незаконско постапување.

Од опозциската ВМРО-ДПМНЕ пак, тврдат дека власта во последен момент се решила да нема автентично толкување бидејки тие имаат сила на закон и важат од моментот на носење на членот на кој се однесуваат. Во овој случај според ВМРО-ДПМНЕ, ќе значело дека член 11 не постоел од 1993 година што ќе значи дека не важи ни аболицијата на премиерот Зоран Заев за Глобал.

„Излезе на чистина кој за што се бори, и тоа дека главниот корисник на амнестијата во оваа држава е првиот човек на владата. Но полошо од самото ова е тоа што вакви луѓе ни ја водат државата и одлучуваат за судбините на сите. И во оваа прилика, бидејќи повеќе СДСМ нема за што да повикува, сепак да прашам зошто Заев не прифаќа забрана за амнестија за политичари, амнестирани политичари да не се занимаваат со политика, и дали и овој пат планира да се крие преку пратенички иминутет, со имот чие потекло не сака да се испита?“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ристијан Мицкоски на Фејсбук.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат и на тоа дека четворица уставни судии блиски до СДСМ во 2016 година во издвоено мислење со укинувањето на измените од 2009 година, тврдеа дека се враќа во членот 11 од Законот за помилување.

Опозициската партија како притисок врз Уставниот суд ги толкуваат денешните изјави на власта, бараат Уставниот суд да се консултира со Венецијанската комисија.

Извештајот на ЗКП во кој се содржи заклучокот дека барањето за автентично толкување е непотребно, но и објаснувањето дека тоа е така бидејки членот не постои ќе оди на пленарна седница на 11 декември.