Партиите го одбележуваат меѓународниот ден на жената
Форумот на жени на СДСМ денеска во Куманово го одржа традиционалниот марш во чест на 8-ми Март Денот на жената. Маршот започна во 12 часот пред затворениот базен и се движеше по улиците на градот се до плоштадот каде што се одржа и централната манифестација.
Претседателот на СДСМ и премиер на Р. Македонија Зоран Заев ја истакна својата убеденост во успешното справување со предрасудите кон жените со кои тие сеуште се соочуваат насекаде низ светот во поглед на нивниот статус и рамноправноста.
Потпредсдателката на СДСМ Радмила Шекеринска истакна дека систематското кршење на правата на жената треба да биде оставено зад нас и дека промените не треба да се само вербални туку истите треба да се случуваат секој ден.
На присутните на маршот им се обратија и Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски и координаторката на Форумот на жени на СДСМ Цветанка Ласкова.
Маршот се организира веќе шести пат по ред а оваа година се одржува под мотото „Заедно можеме, со љубов за Македонија“.
-
Драган Ивановски
Сите содржини од овој новинар
