Ракомет
4. March 2019 - 19:42

Парондо: Да се задржи формата во дуелот со М.Брест

Ракометарите на Вардар за кратко време ги очекува нов предизвик, овојпат дерби дуел во СЕХА лигата со Мешков Брест екипа која се бори за 4. позиција на табелата со Татран Прешов што би значело и настап во завршниот Ф-4.

Црвено-црните се очекува да настапат без Дисингер, Борозан и Горбок но сепак не го намалуваат значењето на овој натпревар иако се веќе први во регионалното натпреварување.

Првиот стратег на тимот Роберто Парондо најави победа и пред се задржување на формата за продолжението од Лигата на шампионите каде Вардар се пласира во осмина-финалето каде за противник го има Загреб.

Почетокот на дуелот е во 17.15 часот во салата „Јане Сандански“.