-->
-->
Парламентот во Тунис изгласа недоверба на премиерот Хабиб Есид
-->

На премиерот на Тунис Хабиб Есид синоќа му беше изгласана недоверба во парламентот по само 18 месеци на функција.
Вкупно 118 пратеници гласаа против Есид, тројца беа да остане на функција додека 27 беа воздржани.
Владата на Есид беше во голема мерка критикувана поради тоа што не успеа да ја реши економската криза во државата, серијата напади на џихадисти и поради високата стапка на невработеност. Есид беше под голем притисок откако претседателот Бежи Каид Есебси упати критики до владата и предложи формирање нова влада на национално единство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
