Парламентот на Венецуела против одлуката на Мадуро за излегување од ОАС
Парламентот на Венецуела, кој е под контрола на опозицијата официјално достави дека нема да ја напушти Организацијата на американски држави (ОАС) со седиште во Вашингтон, што е спротивно на одлуката на претседателот Николас Мадуро.
- Ги доставувам документите, кои едногласно беа одобрени од венецуелскиот Парламент, со цел да се спречи излезот на Венецуела од ОАС, изјави пратеникот Хулио Борхес по средбата со генералниот секретар на Организацијата, Луис Алмагро.
Тој додаде дека процедурата на венецуелската Влада е апсолутно невалидна, бидејќи Уставот забранува повлекување од меѓународен договор, кој вклучува заштита на човековите права.
ОАС не прецизира дека барањето на Парламентот ќе се одрази на процедурата за излегување на Венецуела, за што Мадуро официјалчно го извести Алмагро.
Ново на Сител
-
Донесена одлука за исплата на сите заостанати плати на вработените во Национални шуми
-
Пукале на семејна прослава, уапсени двајца мажи
-
Рефлектор паднал врз дете во забавен парк во Ново Село, уапсен прилепчанец
-
КЗБ: Зголемен број заболени од Ковид-19
-
Димитриевски: Погрешно е Вреди да ја имитира ДУИ
-
МВР: Напаѓачите најверојатно сакале да го ограбат убиениот кај „Мавровка“
-
„Флекс кредит“: Доверлив и безбеден процес на идентификација и заштита на личните податоци
-
Тошковски: Патувањето на спикерот Гаши е уредно најавен и заведен