Парламентот на БиХ го усвои законот за труд, утре протестите продолжуваат

Парламентот на Федерацијата на БиХ усвои Закон за труд, и покрај тоа што против законот денеска протестираа повеќе илјади луѓе. Протестите се завршени, а ќе продолжат утре во 14 часот, јави Танјуг.
Учесниците во протестите се разотидоа, како и полициските сили кои беа распоредени пред Парламентот. Синдикалците и работниците претходно најавија дека доколку законот биде усвоен, ќе ги радикализираат протестите.
Медиумите наведуваат дека пратениците по усвојувањето на Законот за труд излегле на споредниот излез.
Законот е усвоен со 28 гласови за и три против.
Како што јавија бањалучки медиуми, до заштитната ограда пред зградата на Парламентот, каде се одржуваа протестите, беа поставени и транспаренти со пораки „Правното насилство на Србија мора да престане“.
Претседателот на Сојузот на самостојни синдикати на Бих Исмет Бајрамовиќ рече дека по усвојувањето на законот ќе покрене процедура за одржување генерален штрајк.
Ново на Сител
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
