Парламентарни избори во Израел

Утрово во Израел почнаа парламентарните избори, втори во последните пет месеци. Како што јавуваат светските агенции, избирачките места се отворени во 7 часот по локално време и ќе се гласа до 22 часот.
Гласањето, како што се очекува, ќе биде и биде референдум за тоа колку долго премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе остане на функцијата.
Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека конзервативниот Ликуд на Нетанјаху и сојузот на партии на центарот Сино бело предводен од поранешниот командант на армијата Бени Ганц ќе освојат ист број пратеници 32 од вкупно 120 во парламентот, Кнесетот.
Претходните избори во Израел се одржаа во април и тогаш двете партии водеа мртва трка, но на Нетанјаху му беше доверена задача да формира владејачка коалиција.
Тој не успеа да го направи тоа и одлучи да се распушти парламентот и да се одржат нови избори, што не се случило од основањето на Израел во 1948 година.
Ново на Сител
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
