Парламентарни избори и референдум на Нов Зеланд
Граѓаните на Нов Зеланд денеска ќе гласаат на парламентарни избори и на референдум за легализација на марихуана и евтаназија, а досегашната премиерка Џасинда Ардерн влезе во изборната трка со големи шанси за освојување на втор мандат.
Анкетите покажуваат дека 40-годишната Ардерн и нејзината Работничка партија убедливо водат пред главниот ривал Националната партија и нејзината лидерка Џуди Колинс.
За време на кампањата, граѓаните на Нов Зеланд ја дочекуваа Ардерн како да е рок ѕвезда, а не политичарка, препишувајќи и голем успех во борбата против коронавирусот.
Од воведувањето на пропорционалниот изборен систем на Нов Зеланд пред 24 години, ниту една партија никогаш не успеала самостојно да формира влада, но според аналитичарите, Ардерн со својата партија би можела на овие избори да освои убедлива победа, да има мнозинство во Паралемнтот и самостојно да формира нова влада.
Граѓаните денеска, исто така, ќе се изјаснат и на две референдумски прашања – дали да се легализираат марихуаната и евтаназијата. Анкетите најавуваат дека евтаназијата би можела да стане легална, но граѓаните се остро поделени околу прашањето за легализирање на марихуаната.
Ардерн стана пример за вработените мајки низ светот и многумина ја доживуваат како одлучен лидер, бидејќи со нејзините бескомпромисни одлуки таа го спречи ширењето на коронавирусот на Нов Зеланд во период од 102 дена без ниту еден локален случај на зараза.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателот на Собранието на Црна Гора
-
Македонска вечер во Хамбург од хуманитарен карактер за изградба на нова црква
-
Во Филаделфија возач на автомобил влета во толпа навивачи и повреди тројца пешаци
-
Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ
-
Грешка на кујнскиот персонал го предизвкал пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот ски-центар во Бол
-
Фон Дер Лајен: Никогаш нема да го заборавиме Аушвиц
-
Украина, Блискиот Исток и односите ЕУ-САД, главни теми на Советот за надворешни работи на Унијата
-
Температурата утрово над нулата освен во Берово, Битола и Прилеп