Паркингот на Водно викендов го искористиле 262 возила

Зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно воведоа Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ со цел, како што информираат, безбедно рекреирање на пешаците и велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно.
Паркингот на Водно, како што соопштија градските власти, викендов го искористиле 262 возила, според бројот на испратени СМС пораки.

Оттаму посочуваат дека паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари.
-Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли, соопштија од Градот.
Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
Ново на Сител
-

Филипче со нов повик до Мицкоски: Уставните измени да ги направиме заедно и да споделиме одговорност
-

Утре прва официјална средба Муцунски-Чамова
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
-

Случајот „Мазут“ на повторно разгледување по жалбата на ЕСМ
-

Власта го помина новиот заем во Комисијата за финасирање и буџет - СДСМ се повлече од работата, најави интерпелација за Гаши
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
