Париз повика на намалување на тензиите меѓу Турција и членките на ЕУ

Франција денеска упати апел до Турција и неколку земји членки на ЕУ за намалување на тензиите во нивните билатерални односи, оценувајќи дека нема никакви причини за забрана на средби на турски министри со Турците што живеат во европските држави.
- Во услови кога нема докази за закани по јавниот ред, не постоеја никакви причини за забрана на ваквите средби, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Берлин кон средината на неделава им забрани на двајца турски министри да се обратат на собири на Турците што живеат во Германија, а холандските власти вчера одбија да му дозволат слетување во земјата на авионот на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, кој требаше да говори на митинг во Ротердам, а подоцна од Холандија беше протерана и турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Сајан Каја.
Ваквите одлуки доведоа до тензии во односите меѓу Анкара и овие две земји членки на ЕУ, при што турските лидери ги обвинија Германија и Холандија за „нацизам и фашизам“.
Во соопштението на француското Министерство се апелира за намалување на тензиите меѓу Турција и членките на ЕУ и при тоа се упатува повик до властите во Анкара да избегнуваат „екцеси и провокации“.
За разлика од Германија и Холандија, Франција му дозволи на шефот на турската дипломатија Чавушоглу денеска да се обрати на митинг на припадниците на локалната турска заедница во францискиот град Мец.
На митингот во Мец, чија цел е да се поттикнат тамошните Турци на турскиот референдум да ги поддржат измените на Уставот на Турција, Чавушоглу ја обвини Холандија дека е „престолнина на фашизмот“.
На собирот одржан во Конгресниот центар во Мец за време на обраќањето на Чавуоглу можеа да се слушнат скандирања „Турција, Турција“, но и „Алах е голем“.
Ново на Сител
-

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури
-

Сопственикот на објектот каде беше „Пулс“ бара ослободување поради сепса и бактерија, судијката го предупреди со притвор
-

Почина д-р Ванчо Андреевски, истакнат невропсихијатар
-

Газда Дeко се жалел на чести претреси и барал смена на душек, не на нечовечко однесување - велат од затворот во Куманово
-

Железничко поврзување на Скопје и Софија до 2030 година
-

Иранска Црвена полумесечина: Во американско-израелските напади оштетени се најмалку 105 цивилни објекти
-

Одбраната побара спојување на постапката за пожарот во „Пулс“ со новиот обвинителен акт против 13 полицајци
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
