Бизнис
8. October 2018 - 19:53

Парите за гасоводот први ќе бидат пренаменети во случај на ребаланс

Дел од средставата за изградба на гасоводот што нема да бидат искористени ќе бидат алоцирани за реализација на други проекти, вели првиот човек на Министерството за транспорт.

За гасоводот планирани беа две милијарди денари.

- Се што сметаме дека може да се потроши до крајот на годината ќе остане во Буџетот и ќе се трошат тие пари во реализација на капиталните инвестиции. Се останато, ако се процени дека дел од тие средства може да се потрошат во други ставки, ќе може да се префрлат, рече Сугарески.

Според Сугарески, пари би се крателе од ПУИК бидејќи имаат непотрошени средства од лани. Вели дека комплетно се реализирани средствата наменети за железницата, како и за водовод и канализациска мрежа. Но засега не се знае кога ќе се прекројува државната каса.

При преговорите со кинеската компанија „Синохидро“ која го гради автопатот Кичево-Охрид, намалени се парите кои компанијата ги бараше за изградба на тунелот.

- Почетната цена која Кинезите ја бараа беше 150 милиони, но дојдовме до бројка од 125 милиони и успеавме да заштедиме пари, рече Дарко Мославац, декан на Граджниот факултет.

Сугарески посочи дека заклучно со септември потрошени се 70 отсто од парите наменети за капитални инвестици. Очекува до крајот на годината реализацијата да биде над 90 проценти.