Бизнис
30. July 2024 - 16:37

Парите од „Мој ДДВ“ ќе се исплатат по ребалансот на буџетот

Парите од Мој ДДВ ќе се исплаќаат по ребалансот на буџетот. До крајот на август, кога е и законскиот рок, граѓаните кои скенираат фискални, ќе ги имаат на сметка, уверува директорката на УЈП. Петрова вели дека мора да се чека  ребалансот, затоа што 80% од предвидените 33 милиони евра за цела година, претходната власт веќе ги потрошила. Само за второто тримесечје треба да се исплатат 14 милиони евра

- За второто тримесчје вкупниот поврат е 858,034,798 денари очекуваат 491,407 граќани. Со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат средства за уште два турнуси, односно до крајот на годината, изјави Елене Петрова, директор на УЈП.

Целта на проектот беше да се зголеми свеста кај граѓаните да бараат фискални од трговците кои не издаваат и со тоа да се намали даночната евазија.  Но Петрова вели дека проектот не ги дал очекуваните резултати. Се уште е голем бројот на трговци , угостители и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејнсот, да не издаваат фискални.  Затоа во следниот период ќе се носат мерки каде ќе бидат опфатени и лицата кои продаваат он лајан, преку социјалните мрежи.

- Сега сивата економија од пазарите и улиците се префрли на интернет и оваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли. Како едно среднорочно решение за онлајн трговијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска. Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП – вели Петрова.

Петрова  потсетува дека законската обврска да плаќаат одреден паушал имаат и лицата кои изнајмуваат педалини, лежалки,  продаваат крофни, торти ,сладоледи , пуканки,  изработуваат накит, продаваат преку одржување на  манифестации како Пиво фест  и слично. Следниот период најавува засилени контроли, со цел сузбување на сивата економија.