Паралелна конференција за граѓанско општество за крај со претседавањето со ОБСЕ
Во Министерството за надворешни работи денеска треба да се одржи Паралелната конференција за граѓанско општество, што го одбележува крајот на претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ.
- Конференцијата овозможува креирање на платформа каде што бројни експерти, владини претставници и граѓански активисти ќе можат да воспоставуват дијалог за клучните прашања со кои се соочува граѓанското општество во Северна Македонија, во регионот на југоисточна Европа, како и ОБСЕ регионот, информира Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Настанот, појаснуваат, ќе обезбеди можност за значаен дијалог, споделување на знаење и заеднички иницијативи.
Целта е да се претстави извештајот за Самоевалуација на човековата димензија и воедно да се поддржи вмрежувањето и градењето на партнерства помеѓу граѓанските организации, претставниците на владини институции и меѓународните организации, за зајакнување на меѓусебната соработка.
-Дискусијата ќе се продлабочи во врска и со меѓународни злосторства и кривично гонење за време на вооружени конфликти, моменталната состојба на тортура и принудни исчезнувања, како и предизвиците со кои се соочува граѓанското општество во ОБСЕ регионот, имајќи го предвид контекстот на војни и конфликти. Дополнително ќе биде претставена и Скопската декларација, стои во најавата за настанот.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија