Свет
24. November 2019 - 20:29

Парадата на гордоста во Њу Делхи

Повеќе од илјада припадници на ЛГБТ заедницата и нивни приврзаници денеска прошетаат низ Њу Дехи, прославувајќи ја сексуалната различност во Индија.

Тие истакнаа дека има напредок во таа сфера, но оти се уште не се општествено прифатени.

Учесниците во Парадата на гордоста носеа знамиња со боите на виножитото, балони и транспаренти и побараа самоопределување на родот наместо прво да се регистрираат како трансродни лица, а потоа да достават докази за операција за промена на полот, како што е предвидено во нацрт-законот.

Нацрт-законот, за кој треба да се дебатира во Парламентот е во спротивност на минатогодишната одлука на Врховниот суд на Индија, со која е поништен закон од колонијалната ера, според кој сексуален однос помеѓу двајца мажи се казнуваше со 10 години затвор.