Свет
27. јуни 2016 - 9:41

Папата предупредува на можна „балканизација на Европа“ по брегзит

Папата Франциско предупредува на можна „балканизација“ на Европа по референдумот во Британија на кој беше изгласано напуштање на Европската унија.

Папата ја повика ЕУ да изнајде креативни нови начини да остане заедно давајќи им на државите повеќе слобода.

Во изјава дадена за новинари на лет до Ерменија, папата укажа дека Шкотска и Каталонија може по брегзит, да се залагаат за сецесија, што може да предизвика „балканизација на Европа“.

Папата ги повика европските лидери да бидат отворени за „креативност и здрава разединетост“ што би значело дека државите од ЕУ би имале „повеќе независност и слобода“. Зборуваќи за големата невработеност и економска стагнација, тој наведе дека е јасно оти „нешто не е добро во таа гломазна унија“.