Папата повика со оружје на љубовта да се води борбата против бруталното насилство
Лидерот на Римокатоличката црква, папата Францис во Велигденската порака од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан го повика светот со оружјето на љубовта да се бори против злото на „слепото и бруталното“ насилство по нападите во Брисел.
Исто така ја повика Европа да не ги заборави „мажите и жените, кои се стремат кон подобра иднина, се побројните мигранти и бегалци, вклучувајќи голем број деца, кои бегаат од војна, глад, сиромаштија и социјална направда“.
Папата денеска ја водеше Велигденската миса на плоштадот Свети Петар, на која присуствуваа десетици илјади верници, додека во Ватикан во сила се силни мерки за безбедност.
Во својата традиционална порака „Урби ет орби“,која два пати годишно ја упатува „до градот и светот“ тој говореше за насилството, неправдата и заканите за мирот во многу делови на светот.
Во таа прилика потсети на неодамнешните напади во Белгија, како и во Турција, Нигерија, Чад, Камерун, Брегот на Слоновата Коска и Ирак.
- Со оружјето на љубовта, Бог ја порази себичноста и смртта, рече тој, обраќајќи им се на 1,2 милијарда католици од истиот балкон на кој прв пат му се обрати на светот, кога беше избран на 13 март 2013 година.
Исто така го повика народот на ја канализира велигденската надеж со цел да се порази злото, „кое како што изгледа преовладало во животите на многу луѓе“.
Папата во својот говор изрази и надеж дека со преговорите ќе се најде решение за судирот во Сирија, за да се стави крај на „жалосното уништување, кршење на хуманитарното право и разбивањето на граѓанската слога“.
Папата повика на дијалог и меѓу Израелците и Палестинците и на решавање на судирите и политичките тензии во Јемен, Ирак, Либија, Бурунди, Мозамбик, ДР Конго, Јужен Судан и Украина.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради