Папата Франциско пристигна во САД
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско синоќа допатува во американската воена база Ендрјус во близината на Вашингтон, во прва посета на САД.
На аеродромот, папата го пречека американскиот претседател Барак Обама со сопругата и со двете ќерки. На пречекот беше и потпретседателот Џо Бајден и неговата сопруга, што се оценува како исклучителен гест на Белата куќа кон поглаварот на Светата столица.
Во американскиот државен протокол мошне ретко се случува американскиот претседател да пречека некој странски гостин на аеродромот, будејќи тоа редовно се прави пред Белата куќа во Вашингтон.
По кусиот разговор со претседателот Обама, папата Франциско беше бурно поздравен од гостите на аеродромот во базата Ендријус, свечената гарда, поголема група ученици и верници, како и водството на Католичката црква во САД.
Официјалната средба меѓу папата и американскиот претседател ќе се одржи денеска во Овалниот кабинет на Белата куќа.
Во САД папата престојува како духовен водач на католичкиот свет, но се очекува со претседателот Обама да разговара за повеќе актуелни политички прашања во светот, како и за климатските промени.
Во рамките на посетата, папата ќе зборува во американскиот Конгрес, ќе одржи религиозни миси, а ќе ги посети и Њујорк и Филаделфија.
За неговата посета во американскиот главен град и секаде каде папата ќе престојува се предвидени ригорозни мерки за безбедност, особено поради практиката на папата да се среќава и ракува со многу луѓе.
Секаде каде ќе престојува ќе има забрана за летање, а голем дел од Филаделфија практично ќе биде затворен, кога папата ќе престојува во градот, кој е родното место на американската независност.
За време на престојот на папата Франциско во главниот град на САД, вВработените во федералната админстрација се известени да работат од дома, каде е тоа можно, .
Медиумите ја прогласуваат посетата на папата како историска и откриваат дека тој прв пат во својот живот престојува во САД.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Девет години од настаните од „Диво Насеље“
-
Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова
-
Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски
-
Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите