Папата Франциск во велигденската молитва посака мир за народите исцрпени од војна, глад и угнетување
Папата Франциск во денешната велигденска молитва им посака мир на нациите исцрпени од војна, глад и угнетување.
Папата повторно го честита Велигден и им се заблагодари на сите што му испратија честитки, пренесе АНСА.
„Воскресението на Исус не е само прекрасна вест или среќен крај, туку нешто што целосно и засекогаш ги менува нашите животи. Тоа е победа на животот над смртта, надежта над очајот“, рече Папата.
Во својата велигденска порака во неделата, папата Франциск повика на прекин на огнот во Газа и пристап до хуманитарна помош во областа, и истакна дека мирот никогаш не се гради со оружје, туку „со поддавање раце и отворање срца“.
Во пораката се осврна и на Западен Балкан, велејќи дека етничките, културните и верските разлики не смеат да бидат причина за поделба.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори