Македонија
8. May 2019 - 16:36

Папата Франциск: Северна Македонија и Бугарија се две различни земји со различни народи

Папата Франциск по својата апостолска посета во Македонија и Бугарија оцени дека иако  двете се православни соседски земји, тие се две сосема различни држави и народи.

 „Бугарија е нација со вековни традиции додека Македонија има вековни традиции но е млада земја и има „млади луѓе“.“

Коментирајќи го фактот дека Северна Македонија неодамна успеа да се етаблира како нација, Папата вели дека таа е симбол на тоа како Христијанството влезе на Запад преку Апостолот Павле кој сакаше да оди во Азија, но беше повикан во Македонија.

„Народот во Македонија никогаш не ја пропушти можноста да не потсети дека Христијанството влегло низ нивната врата.“

Поглаварот го потенцира фактот дека и покрај сите историски конфликти на Балканот во кои биле измешани и религии, денес видел добри односи помеѓу различните вери во двете држави и искажа восхит за практицирањето при почитување на различностите и човековите права, отколку кон толерантноста.

Средбата со младите за него била особено важна бидејќи ја толкува како средба со иднината на државата. За Папата Франциск е многу важно тие да продолжат да ги негуваат меѓуверските и меѓурелигиски односи.

Ова е „млада земја од институционална гледна точка. Затоа средбата со младите беше многу значајна. Затоа ги поканив да сонуваат големи соништа

Папата Франциск вели со оваа посета неговата намера била да го поттикне она што тој го нарекува „традиционален капацитет на Северна Македонија да биде домаќин на различни етнички и религиозни врски како и посветеноста на земјата да пружи добредојде и помош на голем број мигранти и бегалци.

За расправиите во Православната Црква, Папата Франциск го нагласи фактот дека во целина односите се добри и постои добра волја. Православните патријарси ги опиша како Божји луѓе. Тој порача сите сме браќа  и не можеме да се поклониме на Светата Троица без да си подадеме рака како браќа.

Папата Франциск беше е првиот поглавар на католичката црква кој ја посета земјава. Тој се сретна со државниот врв каде имаше обраќање заедно со претседателот Иванов. Потоа ја посети спомен куќата на Мајка Тереза каде се сретна со лидерите на верските заедници но и со граѓани од ранлива категорија по што одржа света литургија на плоштадот Македонија. Апостолската посетата ја заврши со средби во Католичката црква.