Папата Франциск одржа миса за 35.000 верници во Папуа Нова Гвинеја
Папата Франциск денеска одржа миса пред 35,000 верници во главниот град на Папуа Нова Гвинеја, Порт Морсби, што е дел од неговата турнеја во четири земји од Азија и Океанија.
Литургијата се одржа на локален стадион, а присутните носеа традиционални облеки или маици и капи со ликот на папата.
По мисата, папата отпатува длабоко во џунглата во југозападната пацифичка држава Папуа Нова Гвинеја за да ги посети католиците кои живеат во една од најоддалечените области во светот, каде што достави медицински материјали и друга помош, информираше портпаролот на Ватикан.
Летајќи околу 1,000 км во воен товарен авион C-130 Hercules обезбеден од Кралските австралиски воздухопловни сили, папата пристигна со мала придружба на соработници во Ванимо, град со околу 12,000 жители на северозападниот дел на главниот остров Папуа Нова Гвинеја кој нема водоснабдување, а струјата е дефицитарна.
Поглаварот на Римокатоличката црква со себе донел стотици килограми предмети за да му помогне на локалното население, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.
Тие вклучуваат разни лекови и облека, како и играчки и музички инструменти за децата во училиште, рече Бруни.
Папата е во посета на Папуа Нова Гвинеја, земја со 600 острови, како дел од амбициозната 12-дневна турнеја низ четири земји во Југоисточна Азија и Океанија, најдолга од неговиот 11-годишен папски мандат.
Папата Франциск е првиот папа кој ја посетил оваа поранешна австралиска колонија по Јован Павле Втори. Околу 98% од населението на Папуа Нова Гвинеја се христијани.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата