Пановски: Ние не знаеме дали имаме имунитет против индискиот сој, но да се надеваме дека имаме
Во денешното гостување во тема на денот на Сител Телевизија проф.д-р Пановски вели дека ние не знаеме дали имаме имунитет против индискиот сој, но да се надеваме дека имаме, меѓутоа мора да се соочиме со ризикот и да се подготвиме
„И ако проф. Даниловски, којшто е бард во епидемиологијата, кажува дека треба контрола на луѓето коишто доаѓаат кај нас, па дури и нашите иселеници, па дури и нашите луѓе коишто одат на одмор во земји каде што постои делта-сојот, а комисијата тоа го игнорира, треба да објасни зошто тоа го игнорира. Дали овој човек(проф. Даниловски) не знае што зборува или тие во договор со Владата и економските интереси носат мерки коишто не се баш оправдани од здравствен аспект. Нема логика ако кај нас има шест случаи, а во Грција има 800, ако Грција е пет пати поголема, сметајте дека тоа е 30 наспроти 800“, рече Пановски.
Објаснува дека тие нас нѐ тестираат, земја без случаи на заболени од делта-сој. Вели дека кога се враќаат тука тие можат да влезат, 25 пати повеќе, од кои половина се заболени со делта-сој и можат да ни го внесат кај нас овој опасен сој. Oвој сој го има во регионот.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница