Македонија
3. јуни 2021 - 9:10

Пановски: Јас не би ги вакцинирал децата, тие полесно и од грип поминуваат Ковид

Во однос на најавите дека можно е да почне вакцинација на децата од 12 до 16 години д-р Никола Пановски вели дека тие лесно го поминуваат ковидот и не треба да се вакцинираат.

– Далеку сме од вакцинација на децата, кога ни половина од населението над 70 години кај нас не е вакцинирано. Опасноста од смртен исход е илјада пати поголема кај оние над 70 години. Ако се вакцинираат над 90 отсто од тие над 20 години, тогаш може да се понуди и на децата. Јас лично не би ги вакцинирал децата. Тие лесно поминуваат ковид, полесно и од грип, а против грип не сме ни помислиле да ги вакцинираме – вели Пановски.

Тој препорачува доколку граѓаните решат да заминат во странство на одмор да патуваат со сопствено возило и да се сместат во кампови или бунгалови.

– Мојата препорака е да не патуваат ако немаат посебна и неопходна потреба. Ако сепак се решат да одат на одмор, препораката е да патуваат со сопствено возило, не со автобус или воз. Да се сместуваат во кампови или бунгалови, а не во големи хотели. Да се хранат на отоврено – вели професорот.