Пановски: Финансиската едукација и соодветната информираност на инвеститорите придонесува за развој на домашните финансиски пазари
Една од стратегиските цели на Народната банка е финансиската едукација и инклузија, којашто е тесно поврзана и со развојот на домашните финансиски пазари, истакна директорот на Дирекцијата за операции на финансиските пазари, Зоран Пановски, на Регионалната конференција за техничка анализа на финансиските пазари во организација на Здружението на пазарни техничари од Јужна и Источна Европа – СЕЕМТ.
Тој нагласи дека финансиски образованото население и финансиските експерти придонесуваат за приспособување кон промените во општеството, домашната економија и окружување, за зголемена свесност за финансиските можности и ризици, што претставува предуслов за развој на финансиските пазари.
Од Народна банка известуваат дека во поздравното обраќање Пановски истакна дека НБ има активно учество на меѓународните финансиски пазари, при што одлуките за инвестирање на девизните резерви ги заснова на темелна економска и финансиска анализа, со поткрепа од мноштво технички и квантитативни показатели, коишто придонесуваат за донесувањето навремени инвестициски одлуки засновани врз информации и за соодветно управување со ризиците.
Притоа, тој се осврна на значењето и на техничката анализа, нагласувајќи дека со неа се обезбедуваат вредни насоки за инвеститорите и учесниците на пазарот, бидејќи може да се примени на сите финансиски инструменти, вклучително и акциите, обврзниците, стоковните продукти и валутните парови.
Како што истакна, таа наоѓа поширока примена на пазарите на стоковни продукти и на девизните пазари, каде што има високофреквентни податоци и инвеститорите се фокусираат на краткорочните, но и повторливите, циклични движења на цените. Оттука, ја истакна потребата од натамошно зајакнување на финансиската едукација и соодветната информираност на инвеститорите, што е од извонредно значење при донесувањето соодветни инвеститорски одлуки.
Ново на Сител
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот