Паника во Влае: Момче повикувало деца на прошетка со него низ населбата
Мајка од скопската населба Влае била сведок на случај во кој денеска во паркот каде си играле повеќе дечиња, се појавил маж кој, според нејзината објава, ги терал децата да заминат со него. Младиот човек кој шетал куче кога влегол во паркот, приоѓал на повеќе деца и започнувал разговор со нив.
Во тој момент децата дотрчаа вознемирени и исплашени и ни кажаа како тој дечко ги викал да одат со него и да му дадат рака да ги прошета, напишала загрижената мајка на Фејсбук.
Во меѓувреме од Министерството за внатрешни работи информирале дека лицето е веќе приведено и дека станува збор за лице со психички проблеми.
По добиена пријава лицето е приведено и извршен е разговор со него. Утврдено е дека станува збор за лице со психички проблеми. Известена е соодветна здравствена институција и јавен обвинител, изјавиле од МВР.
Извор: 24info.mk
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости