Свет
25. February 2019 - 22:14

Паника во Виена: Минувачите панично се разбегале кога едно момче повикало „Алах акбар“, тоа скапо ќе го чини

Во виенскиот Пратерштерн се одвиваше вистинска драма во петокот вечер. На полицајците им пришол ирачки државјанин (25) и викнал „Алах акбар“

Минувачите, кои биле во близија и слушнале што викнал Ирачанецот, почнале панично да бегаат во блиската станица.

Полицајците веднаш го запреле Ирачанецот и го прашале дали има оружје, а тој додадно ги шокирал кога им одговорил: „Да, имам бомба во џебот“.

Полицијата веднаш го претресла, но не му нашле бомба во џебот. Меѓутоа во појасот од гаќите скрил пластична вреќа со околу 10 грама марихуана.

Во текот на испитувањето се утврдило дека овој 25-годишник правел слични шеги. Пријавен е поради предивикување неред за што е предвидена казна до 500 евра и заради поседување наркотици.