ПАНИКА ВО СРБИЈА: Мигрантка сее сида кај нашиот сосед- полицијата бара жена која спиела со повеќе од 100 луѓе

Српската полиција трага за 38 годишната Фатима Алас од Јордан поради сомнение дека поголем број луѓе во Србија ги заразила со ХИВ вирус по пат сексуални односи.
Како што дознава Курир.рс, Фатима минатата година како мигрант пристигнала во Србија и веднаш почнала да се занимава со проституција. Забележано е дека прво работела низ Војводина, поточно во Суботица и Кикинда каде била во прифатен центар.
Во средината на мај оваа година таа избегала во Белград каде продолжила да го продава своето тело.
-Полицијата добила дојава дека Фатима, и покрај тоа што знае дека има сида, продолжува со проституцијата. Главно работела во близина на железничката станица во Белград и во паркот во близина на Економскиот факултет, вели извор за Курир.рс.
Според процените на изворот на српски Курир, Фатима во просек имала по 3 до 4 клиенти дневно, што значи дека бројката би можела да биде повеќе стотина луѓе, што мигранти, што граѓани на Србија.
-Засега не е познато дали таа намерно ги заразила луѓето со сида или тоа се случувало од незнаење. Тек последниве десетина дена во односи со неколку мигранти, но и луѓе од Србија, заразени се неколку луѓе, наведува изворот.
Како што дознава српскиот портал, надлежните биле запознаени со нејзината здравствена состојба.
-Беше познато дека е заразена со ХИВ, но државата тука беше немоќна, затоа што тоа не е болест поради која таа би морала да биде изолирана во карантин, наведува изворот.
Тој додава дека Фатима моментално е во бегство.
-Добивме информации дека е видена во парковите во близина на Железничката станица, меѓутоа од таму исчезнала. Моментално не знаеме каде и дали воопшто е во Србија.
Од полицијата за медиумите кратко кажале дека по Јорданката интензивно се трага, како таа би била сместена во некоја адекватна установа за лекување.
-Не е познато колку луѓе заразила занимавајќи се со проституција, но голема е веројатноста дека бројката е загрижувачка, велат од полицијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
