Македонија
16. February 2017 - 14:06

Паника во Козле откриена бомба

Вчера во 09.45 часот во ЕИК Скопје, анонимен граѓанин пријавил дека на ул „Козле-1“, Б.Н. (53), кој живее на наведената адреса, позади куќата чува бомба.
 
По излегување на местото, полициски службеници пронашле рачна бомба за која е констатирано дека најверојатно се работи за бомба која е пронајдена во ѕид на стара куќа.
 
За настанот е известен Одделот за антитероризам, а бомбата е безбедно подигната од место од страна на екипа од Дирекцијата за заштита и спасување.