Балкан
19. August 2016 - 14:15

Паника во Истанбул: Голем пожар во деловен центар

Голем пожар избувна попладнево во деловен центар во истанбулската населба Мертер, објави телевизијата Хабертурк.

Според истиот извор, од комплексот се кревал густ црн чад, кој бил видлив од повеќе делови на Истанбул.

Сите присутни во бизнис центарот биле евакуирани веднаш по избувнувањето на пожарот, кој противпожарните екипи успеала да го изгаснат за кусо време.

Нема информации за жртви, а засега не е познато ниту колкава материјална штета предизвикал огнот.