Паника кај родителите: Нова перверзна сексуална игра „шарени алки“ хит меѓу учениците

Во соседна Србија стигна опасна сексуална игра, која основците и средношколците ја играат на забави под името „шарени алки“, пишуваат српските медиуми.
Родителите се згрозени и уплашени, а стручните лица истакнуваат дека тинејџерите не можат да сфатат какви последици може да остави по нивното здравје и по нивната психа.
-Оваа игра се игра на тој начин што девојката става на рака алка со одредена боја. Потоа ја крие раката зад грб. Момчето ја погодува бојата и ако ја каже точната боја, од девојката добива „награда“ во зависност од бојата. Секоја боја нешто претставува. И тоа се прави пред сите на забава. На пример, жолата боја претставува прегратка, зелената е секс, белата допирање на одреден дел од телото, сина – орален секс, црвена – танц во скут, а розова- бакнеж, пренесуваат српските медиуми.
Јасна Јанковиќ, професорка и претседателка на Здружението на синдикатот на просветни работници во Србија вели дека чула за вакви или други слични игри што ги играат децата на забавите.
– Не знам дали станува збор за урбана легенда или ова навистина се случува. Но, тоа што е сигурно е дека денешната младина многу рано стапува во интимни односи и тоа го прави без емоции. А секое сексуално доживување без емоции е еден вид насилство над децата, вели Јанковиќ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Биографијата на Савески е гаранција за добар обвинител
-

Пропусти во предмети на судијата кај кого беа најдени 350 илјади евра
-

Академик Попов со критика кон домашните институции, но и меѓународната заедница
-

Ќе се менува законот за трансплантација за да се спасуваат повеќе животи
-

Владата, Здружението на граѓани „16 март“ и Општина Кочани се подготвуваат за одбележување на годишнината од трагедијата во Пулс
-

Синдикатот му поднесе кривична, Љутков демантира
-

Николоски во работна посета на САД
-

ССМ повикува на протест во сабота
