Македонија
21. October 2016 - 14:09

Паника и страв во Козле, пукотници и бомби предизвикаа немир во населбата

Ноќеска околу 02,50 часот во Скопје, на ул.„Козле“ од страна на непознат сторител било пукано од огнено оружје најверојатно од автоматска пушка во патничко моторно возило „Ауди“ сопственост на Р.К., а воедно била фрлена и експлозивна направа која не се активирала.
 
По извршување на кривичното дело лицето го напуштило местото на настанот. Повредени лица нема.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.